Управата за хидрометеоролошки работи најави дека денеска ќе дува умерен северен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 15 степени.

Потоа следува период на променливо облачно време, повремено со појава на дожд претежно во
западните делови од земјата, а ќе дува слаб до умерен претежно јужен до југозападен ветер
кој поинтензивен ќе биде во понеделник.

Услови за поинтензивен дожд ќе има кон крајот на работната недела.