Временската прогноза најавува сончеви периоди, дожд и грмежи, со температури до 36 степени во Скопје и останатите региони
Денеска се очекува променливо време со сонце и периоди на облачност. Попладне ќе има изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе биде слаб до умерен, од североисточен правец.
Според прогнозата, утринските температури ќе се движат меѓу 10 и 19 степени. Дневните температури ќе бидат повисоки и ќе достигнат од 26 до 36 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде слично, со максимална дневна температура која ќе се искачи до 36 степени.
Во следните денови ќе продолжи променливо време со сонце и облаци. За време на викендот, во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Во првите два дена од новата работна недела се предвидува поизразена нестабилност. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме, проследено со засилен ветер и изолирана појава на град.