Се претпоставува дека авионот паднал во морето, изјави претставникот на службата за итни случаи за агенцијата, пренесе агенцијата РИА Новости.
Според различни податоци, на летот имало 28 или 29 патници. Група бродови беше испратена во потрага.
Метеоролошките услови на местото каде што е прекината комуникацијата со авионот се сложени, облачно е и магливо.
Според информации на руската новинска агенција „Интерфакс“ авионот бил исправен , а контактот со контролата на летање го изгубил десетина минути пред да слета.