Македонската државјанка за која семеjството објави дека исчезнала во Грција е пронајдена. Семеството на социјалните мрежи објави дека 68-годишната жена на 9-ти овој месец тргнала кон Македонија, но дека не стигнала и побараа помош за да ја пронајдат.
Според објавата на фејсбук од нејзините блиски таа со автобус требало да патува од Агростоље до Василики во Лефкада, од каде требало да продолжи со брод.
„Таму чекале други луѓе со кои требало да отпатува во Македонија. Милица не стигна ниту со бродот во 13 часот, ниту со следниот во 15.15 часот. Си заминуваш и се губи секаква трага“, изјавија нејзини блиски.
Тие на социјалните мрежи побараа помош ос сите што може да помогнат во нејзино пронаоѓање. Семејството потоа добило информација од Македонци кои биле во Грција дека таа е во автобус и од Солун патува за Македонија и дека добро.
Последната информација кое семејството ја добило од македонската полиција е дека жената штотуку влегла во Македонија на граничниот премин и брзо ќе контактира со нив.