Крадецот наводно има 49 години, објавија грчките медиуми. Сликата на Пикасо е пронајдена со друго оштетено дело на холандскиот сликар Пјет Мондријан во магацин на околу 50 километри од Атина.

Полицијата ја продолжи истрагата во февруари, бидејќи експертите веруваа дека „Глава на жена“ никогаш не се појавила на црниот пазар и никогаш не била однесена од Грција.

Вредноста на сликата се проценува на 16,5 милиони евра. Сликата има посебно значење за Грција затоа што уметникот лично ѝ ја дал на земјата за да ја награди за отпорот против нацистите за време на Втората светска војна.