Хеликоптерот Ми-171 Ш од Дивуље и авионот Пилатус на хрватските воздухопловни сили беа вклучени во потрагата по воениот хеликоптер што се урна во реонот на селото Паково во Шибеничко-книнската жупанија.

Пронајдени се две тела, а се трага по третиот член на екипажот.

Станува збор за за хеликоптер на унгарските вооружени сили кој со посадата беше на обука во Хрватска.

Хеликоптерот се урнал меѓу селото Пак и Миљевац.