Двете малолетни девојчиња кои попладнево беа пријавени за изгубени во Скопје, се пронајдени кај Рампа во Кисела Вода.
Мајката на едно од двете девојчиња кои денеска се изгубија во Скопје објави дека тие се пронајдени од страна на полицијата.
Како што е познато, девојчињата од струмичко биле дојдени на екскурзија во Скопје, а последен пат беа видени кај ТЦ Веро Џамбо. Нивното исчезнување во полиција го пријавила наставничката.
Според последните информации, А.Ј (12). и Р.И (14) биле исплашени, но во добра состојба.