Вчера било пронајдено безживотно тело на возрасна жена.
-Во 10.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека над манастирот „Св.Еремија“ во нас.Пинтија – Скопје билa пронајденa починатa З.Л.(68) од Скопје, за која на 31.12.2022 било пријавено дека се оддалечила од домот, информира МВР.
Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.