Во СВР Битола вчера било пријавено дека во бунар во село Кукуречани било пронајдено телото на Б.М.(55) од село Кукуречани.
Телото било извлечено од екипа на Територијалната противпожарна единица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Увид извршила екипа на СВР Битола.