Пронаоѓачите велат дека Рашковски бил значален за Македонија и за Националната Агенција на Пронаоѓачи на Македонија.

– Почитувани, ја цениме вашата загриженост за пронаоѓаштвото во нашата држава. Но би сакале да Ве потсетиме, во 2006 год. во тогашната Република Македонија имавме 340 домашни патентни пријави за да во 2016 овој број драстично и се намали на само 29 домашни патентни пријави. Вашата грижа за пронаоѓашвото не донесе во затворен партиски кафез. Од тие причини е формирана Национална Асоцијација на Пронаѓачите на Македонија (НАИМ) со чие основање, на нашите пронаоѓачи им отворивме светски пат, за нивно претставување на скоро сите континенти. НАИМ за многу кус период успеа да стане светски признаена организација и полноправна членка на ИФИА (Светска Федерација на Иноваторски Асоцијации), децидни се тие.

Додаваат дека Рашковски ѝ укажал чест на нашата држава, па затоа не треба да го плукаме.

– Ако нашиот пронаоѓач Проф. Д-Р Драги Рашковски и укажал чест на нашата држава и да истиот го пласира тука, треба да го подржиме а не да го плукаме. Да одевме по патот на Вашите сваќања на пронаоѓаштвото, не ќе стасавме до никаде, а камоли да бидеме почитувана светски признаена Асоцијација и полноправна членка на ИФИА. Апелираме до сите партиски организаци да своите препукувања, не ги прават на штета на пронаоѓаштвото, сега сме во 2021 година, а не 1903 ,светот оди напред, а ние мораме да го следиме, велат Пронаоѓачите.

Но, и покрај оваа поддршка Рашковски сепак отиде за Мексико. Се‘ уште не се знае дали станува збор за бегство или за фамилијарен одмор. Но, вреди да се спомене дека ова „патување“ доаѓа непосредно по огромната афера која беше објавена од медиумите, во која Рашковски оштетувајќи го буџетот набавил набавка на софтвер за сообраќајни казни кој не е потребен. Креатор на овој софтвер е самиот Рашковски што значи дека парите од државниот буџет ги трансферирал на своја сметка.

Ова ексклузивно за Радио Лидер го потврдија извори од аеродромот, а целата вест може да ја прочитате ТУКА.