Зголемувањето кајнето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1 отсто), Уметност, забава и рекреација (20,5) и Информации и комуникации (14,1 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,3 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2,6 ) и Рударство и вадење на камен (1,6 отсто).
Зголемувањето на бруто платата, пак, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,3 отсто), Уметност, забава и рекреација (21,1) и Информации и комуникации (14,1 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (5,3 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2,7) и Рударство и вадење на камен (1,7 отсто).