– Министерката Стефоска му се заблагодари на амбасадорот за неговиот ангажман околу подготовките на Деновите на македонската култура во Чешката Република во втората половина од следната година, во периодот кога Чешката Република ќе претседава со Советот на ЕУ, информира Министерството за култура.
Амбасадорот Томан ја информираше министерката Стефоска дека во моментов е многу загрижувачка ситуацијата со пандемијата од КОВИД-19, дека Прага е град без културни настани, што во досегашната негова историја е незамисливо.
-Соговорниците изразија надеж дека ситуацијата ќе се подобри и дека размената на уметници, проекти и идеи ќе продолжи со несмалено темпо. Амбасадорот Томан заминува од Република Северна Македонија со прекрасни впечатоци и ќе продолжи, како што нагласи, да ја поддржува нашата земја во нејзиниот евроатлантски пат, се наведува во соопштението.