Почнувајќи од 13:30 од плоштад „Скендербег“ до канцеларијата на ЕУ, етапно ќе бидат затворени за сообраќај булеварите „Гоце Делчев”, „Илинден” и „Климент Охридски”.

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста затворени за сообраќај се: ул. „11 Октомври” и ул. „Димитрие Чуповски” во двата правци. Од 23 часот на 07.09.2021 до 23:00 часот на 08.09.2021 година дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул.„Даме Груев” на потегот од крстосницата со ул. „Македонија” до крстосницата со ул.„11 Октомври” и ул.„Филип Втори” на потег од „Кеј 13 Ноември” до ул.„11 Октомври” и ул. „11 Октомври” на потегот од бул. „Кочо Рацин” до ул. „Даме Груев”.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Се апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.