По прошетката низ центарот на Љубљана, илјадници пензионери се собраа пред парламентот на Плоштадот на Републиката.
Во Љубљана се одржа петтиот протест во организација на граѓанската иницијатива „Гласот на пензионерите на Словенија“.
Тие бараат, меѓу другото, зголемување на примањата на пензионерите за 20 отсто за сите кои имаат пензија до 1.000 евра и оставка од премиерот Роберт Голоб.