Основното училиште „Владислав Рибникар“ каде на 3 мај се случи масовното убиство, останува училиште и добива меморијален дел, потврдија од српската Владата.

– Нашиот образовен систем е создаден со цел да обезбеди соодветна поддршка на сите ученици, да ги охрабри на патот кон учењето и да им овозможи да прераснат во здрави, свесни и одговорни личности. Во овој момент, поважно од кога било е да се фокусираме на она што е најдобро за нашите деца, бидејќи тие ја заслужуваат нашата целосна поддршка, љубов и грижа. Имајќи го предвид ова, Владата на Република Србија, поради трагедиите кои длабоко го погодија целото општество, донесе одлука учебната година да ја заврши на 6 јуни во сите основни и средни училишта во Србија, соопштија од Владата.
Основното училиште „Владислав Рибникар“ ќе остане училиште.

Ќе се реконструира и во текот на реконструкцијата ќе се изгради меморијален дел во спомен на децата и училишниот чувар, кои секојдневно покажуваа исклучителност во тоа училиште.
По вонредниот увид во ОУ „Владислав Рибникар“, потврдени се наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование и Министерството за семејна грижа, дека во ова училиште немало врсничко насилство во однос на малолетниот.

На 3-ти мај во ОУ „Владислав Рибникар“ се случи масовно убиство кога К.
К. (13) уби девет ученици и училишен чувар.