Повторно е активиран штрајкот во МАНУ
Вработените во МАНУ повторно го активираа штрајкот, бараат повисоки плати. Велат дека од потпишаната спогодба, досега ништо не било исполнето. Првиот човек на УПОЗ, Деаноски, изјави дека од академиците стигнуваат закани и заплашувања до вработените да се забрани одвивањето на штрајкот. Апелира да слушнат сите надлежни институции во државата, а особено основачот на МАНУ – собранието.
Тогаш работодавецот се обврза и ги прифати сите барања на штрајкувачите, но од потпишаната спогодба не е исполнето ништо, информира Трпе Деаноски од УПОЗ.
36 вработени штрајкнуваат, бараат покачување на платите
Во техничката служба на МАНУ се 36 вработени кои штрајкуваат. Велат дека нивната плата е за 50 проценти помала од платите во другите научни установи.
Ќе се штрајкува во текот на целото работно време и ќе работи само архивата за прием на пошта. Во лабораторијата дел од вработените работат, а дел штрајкуваат.
Зошто се штрајкуваше во 2023-та?
Инаку, како се одвиваше штрајкот во 2023-та година може да погледенте во продолжение.
Вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ тогаш активно штрајкуваа.