На протестот беше речено дека тие не се антиваксери, дека сите тие во минатот како и останатите ги примале сите вакцини за имунизација, но дека сега очекуваат многу повеќе информации за оваа вакцинација која како што велат се наметнува со разно-разни мерки и заплашувања.

-Доста беше одржување некаков си “мир” со духот на млакоста, доста беше рамнодушност која му е во целосен прилог на тие кои сакаат да ги остварат своите задни планови и цели во кој народот се сомнева и има право да ја знае вистината, рекоа на протестот.

Велат дека доста е од забрани и поделби, услови и претење со цел наметнување на прислна вакцинација. По собирот на „Магнолија“ продолжија со протестен марш низ Широк Сокак.

Летото беа одржани неколку протести во Битола, а на еден од нив се вареше и пиеше кафе на плоштадот, во знак на протест заради тогаш донесените ограничувања за влез во угостителските објекти.