– Денот на албанската азбука е празник со кој што се слави унифицираната азбука, јазикот и писменоста како катализатори на интелектуалното, културното, образовното и секако политичкото издигнување на Албанците, меѓутоа воедно и празник кој има свој значаен удел во највисоките цивилизациски вредности на човештвото, рече Џафери.

Јазикот, наведува Џафери, е толку богат и толку вреден колку што се говори правилно, се пишува правилно, се преведува и шири низ светот со должното внимание и индивидуална и колективна одговорност на секој поединец.

– Тоа е моќна алатка која обединува луѓе, обединува идеи и овозможува соработка и се разбира напредок и интелектуален, културен и уметнички развој на еден народ, но над сè е идентитетски знак на еден народ а Република Северна Македонија е земја во која се негуваат и почитуваат сите различности. Со негување на јазичните и културните разлики, заедно придонесуваме кон зачувување на заедничките трајни вредности и воедно вложуваме во подобра иднина на нашите млади поколенија, посочува Џафери во честитката. Честит 22 Ноември – Денот на албанската азбука!, посочува Џафери во честитката.