Решенијата за обештетување со толку ниски цени од 200 денари по квадратен метар , пештанци ги обжалиле пред Управниот суд. Таму, велат, во неколку наврати добиле пресуди во нивна корист, но повторно нема епилог. Спорот го водат 21 година повеќе од 100 наследници од 36 семејства што во Градиште поседувале имот .
Кога државата се бори да го заштити статусот на Охридскиот регион под Унеско некој работи против интересите на градот велат од здружениот Оревче додавајќи дека општинскиот градежен инспекторат токму во Градиште констатирал 15 дивоградби.
Од фирмата која стопанисува со автокампот Градиште испратија реакција по повод денешниот протест тие велат дека ги поседуваат сите потребни одобренија и дозволи и ги упатија поранешните сопственици ова прашање да го решаваат преку надележните институции.
(Напоменуваме дека со ваквите активности и блокади на Автокампот од страна на здружението ,,Оревче,, ,ни се нанесува значителна репутациска и материјална штета,зашто,по консултација со нашиот правен тим,ќе поднесеме соодветна пријава пред надлежните органи за понатамошно постапување.)стои во реакцијата на Нова Трејд.
Пештанци пак најавија дека не застануваат тука се додека не им се вратат имотите ќе продолжат со протестите кои како што велат ќе бидат помасовни.