Денеска, точно три месеци по смртта на малата Јана, битолчани повторно на протест пред Обвинителството ќе бараат правда.
Новите најави за повторни протести следат по одлуката на Јавното обвинителство кое образложи дека нема кривично дело во случајот со смртта на петгодишното девојче кое пред неколку месеци почина по примена инфузија во битолската болница.
Родителите обвинуваат за лекарска грешка и најавија дека со странска надворешна комисија ќе бараат да се докаже што точно се случило, а сметаат дека треба да се вештачи и комјутерот за да се утврди дали се менувале податоци.
„Денеска се точно три месеци од смртта на Јана, не сме воопшто задоволни од извештајот на судска медицина, кажавме дека ќе одиме и понатаму со странска експертиза. Денеска во 19 часот има и протести…“, вели Кристина Христовска, мајка на починатата Јана.