Учесниците на денешниот протест сакаат да ја предупредат кантоналната влада и сите ресорни министерства дека мораат да ги почитуваат законските процедури, колективните договори, дека треба да се грижат за социјалниот дијалог и да преговараат со синдикатите.
Пред зградата на Владата на кантонот Сараево ќе се соберат членови на осум синдикати кои претставуваат повеќе од 25.000 работници кои ги добиваат своите плати од Буџетот на кантонот Сараево, Фондот за здравствено осигурување на кантонот Сараево и Комуналното стопанство на кантонот Сараево, а ќе учествуваат претставници од сите синдикати.
Во предлог-буџетот не се планира зголемување на основицата за пресметување на платите на работниците во следната година.
Едно од барањата е Владата на кантонот Сараево, заедно со синдикатите кои ги застапуваат работниците, меѓусебно да ја утврдат основицата во износ од 400 конвертабилни марки и со синдикатите да потпишат договор за таа основица.
Како што претходно беше најавено, осум синдикати ќе организираат предупредувачки штрајк, а потоа, доколку има потреба, и генерален штрајк во јавните институции во кантонот Сараево, основните и средните училишта, предучилишните установи, универзитетите и културните и научните установи, МВР и организациските единици на Управата на полицијата, институти и органи на државната служба, јавните комунални претпријатија и јавните здравствени установи.
Најава за можни собири доаѓа и од Федерацијата на пензионери на БиХ, кои не се целосно согласни со предлогот за измени на Законот за ПИО, кој федералната Влада го испрати во собраниска процедура, а кој е нивна надеж за вонредни и редовни усогласување на пензиите.