Премиерот на Холандија, Марк Руте на вчерашната прес-конференција ги соопшти новите мерки, со кои посебно е погоден угостителскиот сектор. Баровите, рестораните и продавниците ќе работат до 19 часот најмалку во следните три недели.

Од граѓаните ќе се бара да работат од дома, а публика нема да има на спортски настани. Училиштата, театрите и кината остануваат отворени.

Во Холандија денеска се регистрирани 13.902 новозаразени с о Ковид-19, што е трета највисока дневна стапка од почетокот на пандемијата.