Протестите се организирани два дена откако лидерот на воениот удар генерал Абдел Фатах Бурхан се прогласи за шеф на Суверениот совет (суданската преодна влада).
Денешните протести се организирани од Суданската професионална асоцијација и така наречените Движења на отпорот. Двете групи го организираа и бунтот против поранешниот претседател Омар ал Башир во април 2019 година, а на нивниот повик се приклучија и други политички партии и движења.
Протестите се одржаа и покрај големото присуство на безбедносните сили во главниот град.
Претставникот на Обединетите нации во Судан Фолкер Пертес апелираше до безбедносните сили да покажат крајна воздржаност за време на протестите, а истовремено ги повика демонстрантите на мирни протести.
Од пучот, според суданските лекари и Обединетите нации, најмалку 14 демонстранти се убиени за време на прекумерна употреба на воена сила.