Вршителот на должноста холандски премиер Марк Руте објави во петокот дека властите воведуваат тринеделен карантин со дополните рестрикции за кафе баровите, ресторани и супермаркетите, кои ќе бидат отворени до 20 часот.

На две кола пред крајот на мундијалските квалификации, Холандија е лидер во групата Г со два бода предност пред второпласираната Норвешка.

Одлуката на холандските власти значи дека по завршувањето на репрезентативната пауза и натпреварите во националното првенство повторно ќе се играат зад затворени врати.