Протестот што се одржа над населбата Баир во Битола заврши во 18:20 часот, но сообраќајот на магистралниот пат сè уште се пренасочува.
Екипи од ЈП „Македонија Пат“ работат на расчистување на поставените препреки, додека возачите се повикуваат на внимателно и трпеливо возење.
Надлежните апелираат да се користат алтернативните маршрути додека трае расчистувањето на патот и сообраќајот не се врати во нормала.
