На овој цевковод годинава во неколку наврати имаше дефекти што беше причина неколку недели да има проблеми во водоснабдувањето. Така беше во периодот јануари-април како и во ноември.

-Работници од претпријатието при работна единица „Водовод и канализација“ во овие тешки услови и ниски температури заминаа за Лешница за да проверат во каква состојба се наоѓа целиот систем. Се проверува цевководот, шахти и друг вид инфрасктруктурни елементи, состојбата со земјата и слично. Тоа е една превентива да се провери системот со оглед дека има голема снежна покривка. Моментално од овој систем градот добива 110 литри вода во секунда. Заедно со стариот систем за водоснабдување има околу 280 литри вода во секунда во целокупната мрежа, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на „Водовод и канализација“.

Новиот цевковод се протега од месноста Лешница на Шар Планина и преку филтер станицата кај Лисец стигнува до Тетово.