Рожер и Весли Кулхоф беа назначени за осми носители во конкуренција на двојки, а во првото коло ги совладаа Белгијците Сандер Жил и Јоран Влиеген со 6:3, 7:6.

– За жал, докторот ме повика денеска за да ми соопшти дека мојот тест е позитивен. Немам зборови, направив се што можев за да не се заразам и навистина не знам како се случи тоа, изјави Рожер, кој е првиот спортист позитивен на Ковид-19 на олимпискиот тениски турнир и вкупно шести заразен член во холандската делегација.