Прв противник на Георгиевски ќе биде актуелниот светски првак Рафаел Алба од Куба, а борбата е закажано со почеток во 06:45 по македонско време.

– Првата борба одам на светскиот првак, тоа не ми значи ништо. Одам да победам. На македонската јавност, пред сè, сакам да ѝ се заблагодарам за големата поддршка, потоа да кажам дека ќе го дадам и последниот атом од себе за да ја израдувам Македонија, порача Георгиевски во интервју за порталот „IPON.mk“ пред утрешниот олимписки настап.

Македонската олимписка делегација на Игрите во Токио брои осум членови, а таеквондистот Георгиевски ја имаше честа да го носи државното знаме на церемонијата на свеченото отворање

– Тоа што го носев знамето беше за мене посебен момент. Да бидете знаменосец на Олимписки игри е сон. Македонското знаме за мене е светост, изјави Георгиевски.