Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 ја забележа премиерната победа во новата сезона во СЕХА лигата, откако вечерва триумфираше на гостувањето кај новосадска Војводина со 26:16 (11:9) во рамки на вториот натпревар во групата Б.
По стартниот пораз минатата недела во Скопје од хрватски Нексе, ракометарите на Вардар овој пат прикажаа поквалитетна игра, особено во вториот дел, кога со серија од 3:0 прво поведоа со 14:9, а со нова серија од 6:0 дојдоа и до двоцифрена предност (22:11).
Најефикасни во редовите на македонскиот состав беа Тимур Дибиров со седум и Оливие Нјокас со четири голови.
Вардар на 18 февруари во Нашице ќе има можност да му се реваншира на Нексе за стартниот пораз, во рамки на третото коло во групната фаза.