Италијанската фудбалска федерација (ФИЦГ) изрази интерес за организација на Европското фудбалско првенство во 2032 година, официјално е соопштено во Рим.

– ФИЦГ ја запозна УЕФА изминатите неколку денови со својот интерес да ја добие организацијата на ЕУРО2032, и тоа го претставивме многу порано од крајниот рок на 23 март, објави денеска Италијанската фудбалска федерација на својот официјален сајт.

Во соопштението се додава дека италијанската страна има намера да ја модернизира инфраструктурата на стадионите преку изградба на нови и реконструкција на постојните.

Рим беше домаќин на четири натпревари од м инатото Европско првенство, a Италија досега два пати беше организатор на ЕУРО – 1968 и 1980 година.