Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, соопшти дека американската делегација се фокусирала на прашањата за безбедноста и тероризмот, безбедно движење на американските државјани, на други странски државјани и Авганистанци, како и човековите права, вклучувајќи значајно учество на жените и девојките во сите аспекти на авганистанското општество.
Прајс изјави дека двете страни разговарале и за „обезбедување силна хуманитарна помош од САД директно за авганистанскиот народ“.
Прјас не соопшти дали се постигнати некакви конкретни договори.
Катарската телевизија Ал Џазира претходно ја пренесе изјавата на привремениот авганистански министер за надворешни работи, Амир Кан Мутаки, кој изјави дека талибанските претставници побарале од американската страна да ја укинат блокадата за девизни резерви на Централната банка на Авганистан.