Лекот наречен AZD7442 го намалува ризикот од развој на тешки форми на инфекција и смрт кај 50 проценти од пациентите со симптоми на Ковид-19 за седум дена или помалку, пишува Ројтерс.

Раната интервенција на антитела може значително да ја намали прогресијата на тешка болест, со континуирана заштита повеќе од шест месеци“, потврди Мене Пангалос, извршен потпретседател за биофармацевтски производи, истражување и развој во АстраЗенека.

Коктел лекови за терапија на болните

Тој додаде дека компанијата ќе ги достави сите податоци до надлежните институции.

АстраЗенека, исто така, развива коктел од лекови за третман на пациенти кои немаат доволно силен имунолошки одговор и се вакцинирани против коронавирус.

Минатата недела, компанијата поднесе барање за итна употреба до Американската администрација за храна и лекови.