На Исланд, дом на околу 369.000 луѓе, досега се пријавени 6.637 случаи на инфекција со корона, а починале вкупно 30 лица.

Околу 48% од лицата над 16 години биле вакцинирани со двете дози, што ги изедначило со Велика Британија и тие биле нешто поуспешни во вакцинирањето од Соединетите држави.

Сите анти-епидемиолошки мерки вчера биле официјално укинати, со што Исланд стана првата европска земја што целосно ги укинала мерките.

-Одлично е што вакцинацијата се одвива толку брзо и безбедно. Ситуацијата на Исланд е меѓу најдобрите во светот, рече премиерката Катрин Јакобсдотир.

Торолфур Гуднасон, водечки исландски епидемиолог, рече дека информативната кампања е круцијална за брзото и прецизно информирање на јавноста.

-Таков резултат нема да биде можен без учество на јавноста, а јавноста нема да учествува ако не верува дека мерките што ги преземаме се мудри и ако не разбираат зошто се преземаат, објасни Гаднасон.

Патниците до Исланд сè уште треба да бидат тестирани кога влегуваат во земјата, а оние кои не биле вакцинирани мора прво да поминат пет дена во карантин, по што повторно се тестираат.