Пит Хегсет одобрен за министер за одбрана на САД во тесно гласање

Сенатот на САД го одобри Пит Хегсет за министер за одбрана во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, по напрегнато гласање. Од вкупно 100 сенатори, резултатот беше 50 наспроти 50, а решавачкиот глас го даде потпретседателот Џеј Ди Ванс, кој според Уставот на САД е претседавач на Сенатот. Потпретседателот нема право на глас, освен во случај на израмнет резултат.

Одвојување во редовите на републиканците

Иако републиканците имаат мнозинство во Сенатот со 53 наспроти 47 гласови, тројца сенатори од нивните редови гласаа против Хегсет: Мич Меконел од Кентаки, Лиза Мурковски од Алјаска и Сузан Колинс од Мејн.

Само четворица одобрени во администрацијата на Трамп

Од вкупно 24 номинирани за Кабинетот на Трамп и други изборни позиции во администрацијата, досега се одобрени само четворица. Прв беше одобрен државниот секретар Марко Рубио со убедливи 99 гласови „за“. Новиот директор на ЦИА, Џон Ратклиф, беше одобрен со 74 гласови „за“ и 25 „против“, додека шефот за домашна безбедност Кристи Ноем доби поддршка од 59 сенатори, а 34 беа против.

Хегсет е четвртиот одобрен, но процесот за останатите кандидати продолжува со различен интензитет. На пример, номинациите на Шон Дафи за министер за транспорт и на Рубио минаа без никаква опозиција, додека номинациите на Скот Бесент за министер за финансии и Скот Тарнер за градежништво се соочуваат со пречки.

Контроверзии во администрацијата на Трамп

Администрацијата на Трамп се соочи со критики откако отпушти 17 независни генерални инспектори во различни владини агенции, потег кој предизвика остра реакција од Конгресот. Според некои членови на Конгресот, оваа одлука може да претставува прекршување на федералните закони, бидејќи за вакви отпуштања е потребно 30-дневно известување.

Овој развој на настаните дополнително ги засили тензите во Вашингтон, каде администрацијата на Трамп често се наоѓа под лупа на опозицијата.