Битолчани до бодовите во Грција стигнаа по триумфот со 30:27, разлика од три гола остварена уште на полувремето (16:13). Македонскиот претставник во првиот дел во два наврата имаше и +5 (9:4 и 16:11).
Пелистерци разликата ја одржуваа и во текот на второто полувреме, а на петнаесетина минути пред крајот водеа со највисоки шест разлика (25:19). До крајот уште неколку пати беше +6 за Еурофарм Пелистер за рутински финиш и сигурна победа.
Најефикасен во победничкиот тим беше Јосип Периќ со осум погодоци.
По три кола, Еурофарм Пелистер има три бода и во моментов е на 3. место во Д-групата. АЕК Атина остана на четири бода за во моментов 2. место. Лидер е Спортинг со четири бода и натпревар помалку.