-Постојано заборавам дека се уште си жив“, коментира Маск.

Откако Сандерс напишал на Твитер дека „екстремно богатите треба да го платат својот фер дел од даноците“.

-Дали сакаш да продадам повеќе акции, Берни? Само кажи …“, додал Маск по еден час. „Добро, колку мислиш дека е праведно. Дали 53 отсто ти изгледа разумно? додаде милијардерот.

Инаку, Маск неодамна продаде дел од акциите во Тесла за да плати данок на претходните акции. Иако Маск објави анкета на Твитер во саботата во која ги праша своите следбеници дали треба да почне да продава акции, вистинската мотивација за нивната продажба била „подмирување на обврската за одбиток на данок поврзана со користењето на опциите за акции“, се вели во поднесокот на американската регулаторна агенција.

Инвеститорите веќе знаеле дека Маск размислува да ги продаде акциите за даночни цели, но нивната вредност паднала по неговата анкета на Твитер бидејќи многумина сфатиле дека има намера да продаде поголем удел.

Но, Маск планирал да го продаде само нивниот минимален износ потребен за плаќање даноци, пишува CNN.

Маск секако може да се чувствува повикан во твитот на Сандерс за „екстремно богатиот“, тој е најбогатиот човек на светот, неговата нето вредност е 285 милијарди долари.