– Во школската специјализирана лабораторија го произведовме првиот природен лек PINE SYRUP. Сирупот е произведен од шишарки од бел бор, собрани од научно-наставната шума во Михајлово. Може да се користи против бронхитис, астма, за искашлување, за подобар имунитет, за чистење на белите дробови на пушачите. Горди сме на нашите „фармацевти“ кои своето знаење го преточија во драгоцен природен лек, нагласија од училиштето.
Оттаму додадоа дека очекуваат уште успеси во иднина и многу нови производи, заедно со останатите генерации фармацевти што се школуваат во ова училиште.