Таков е случајот со Миле Јанакиески кој вчера имаше завршни зборови за случајот „27 април“. Но, тоа не му пречеше на судот само еден час претходно во последен час да му закаже рочиште и за случајот „ТНТ“.
-Да да знам тоа го воочивме и секогаш со судиите разговарам на таа тема. Јас не смеам да им се мешам во начинот на закажување и во динамиката. Меѓутоа им укажувам дека има вакви пропусти. А се случуват, предметите се многу и знаат да се преклопат-објасни Џолев.