Премиерот Зоран Заев и главниот и извршен директор и претседател на ТАВ Аеродроми, Сани Шенер, ќе се обратат денеска на настан во Клубот на пратеници по повод доделување на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ-програмата.
По официјалните обраќања на Заев и Шенер, договорите на градоначалниците ќе им ги доделат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонијa, Метин Батак.
Како што соопшти владината прес-служба, на настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.