Израел предложи повеќефазен план за Газа во кој очекува да ги ослободи сите 100-ина заложници кои сè уште ги држи Хамас во замена за привремено примирје од два месеци, објави Си-Ен-Ен.

Aмериканското издание Axios пренесува дека предлогот е пренесен преку катарските и египетските посредници.

Заложниците во Газа добиваат хуманитарна помош преку Франција и Катар

Планирано е ослободување на сите живи заложници, како и телата на починатите. Процесот треба да се одвива во неколку фази. Според предлогот, прво ќе бидат ослободени жените и мажите над 60 години и заложниците кои се во критична здравствена состојба.

Следната фаза ќе вклучува ослободување на женски војници, невоени мажи на возраст под 60 години, израелски мажи под униформи и тела на починати затвореници. Предлогот во суштина не предвидува договор за завршување на војната, но го содржи најдолгиот период на прекин на борбите што го даде еврејската држава од почетокот на војната во војната против Хамас.

Дел од израелската армија ќе ги напушти поголемите градови во Газа, што ќе овозможи враќање на бегалците. За возврат, Израел очекува лидерите на Хамас да го напуштат Појасот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е под силен притисок од роднините на заложниците. Тие ги засилија своите протести барајќи владата на Нетанјаху да склучи договор со Хамас за ослободување на нивните најблиски.

„Нема да седите овде додека тие умираат таму, скандираа синоќа роднините на заложниците го прекинаа состанокот на комисијата во израелскиот парламент.

Во текот на вчерашниот ден и Жозеп Борел се јави со свој коментар и план од 10 точки за примирје во Газа.

ЕУ со план за мир во Газа: Борел ги претстави 10-те точки

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден поддржува пауза во борбите во Газа што ќе доведе до ослободување на заложниците и влез на дополнителна хуманитарна помош во палестинската енклава.