Долгогодишниот соиграч на Чави од Барса, Дани Алвеш, е подготвен да се врати назад на „Камп Ноу“ и да му помогне на својот поранешен клуб да излезе од големата криза.
Алвеш е најтрофеен фудбалер во светот со вкупно 43 пехари за клубовите за кои има настапувано, па иако е на 38-годишна возраст Бразилецот е убеден дека може да му биде од помош на каталонскиот гигант. Роналд Куман одби да го донесе Алвеш кога овој се понуди да се врати без оглед на сумата што ќе му биде понудена, но сега ситуацијата е поинаква бидејќи Чави е на клупата, а поранешниот капитен на Барса има високо мислење за овој соиграч.
Во ситуација на лимитирани финансиски ресурси новиот тренер е подготвен да го врати Бразилецот, кој до заминувањето во Јувентус во 2016 година имаше одиграно 391 меч за Барса, притоа постигнувајќи 21 погодок и 110 асистенции.