Бројот на заразени со коронавирус во Русија денеска надмина 100.000 лица, што е најголем број на инфицирани за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти Кризниот штаб.
Русија соопшти дека во претходните 24 часа се регистрирани 113.122 случаи, што е последица на ширењето на сојот омикрон, објавија руските медиуми.
Во Русија во изминатото деноноќие починаа 668 пациенти, а вчера бројот на смртни случаи од Ковид-19 ја надмина бројката од 700.000 од почетокот на пандемијата.