На плажа во источниот дел на Тајланд прогласена е зона на еколошка катастрофа, откако се излеа нафта од подводна цевка, а песокот поцрни.

Околу 50.000 литри нафта истекоа во океанот.

Дел од нафтата вчера стигна до брегот, проширувајќи се на 47 квадратни километри.

Припадниците на тајландската морнарица разговараат со компанијата која е сопственик на нафтоводот за да се санира штетата.