Францускиот фудбалски шампион ПСЖ не се откажува од ангажирање на словачкиот дефанзивец Милан Шкрињар. По одбивањето на првата понуда од страна на Интер, парижаните подготвуваат подобрена верзија. ПСЖ ќе понуди 60 милиони евра и бонуси за 27-годишниот фудбалер, објави инсајдерот Фабрицио Романо.

Вклучувајќи ги бонусите, сумата на трансферот би можела да биде околу 65 милиони евра, пишува новинарот Алфредо Педула.

Сепак, според последните информации, Интер не сака да го продаде Шкрињар на ПСЖ за помалку од 80 милиони евра, или 70 милиони плус бонуси.

Од друга страна, Интер сака да го ангажира дефанзивецот Глисон Бремер од Торино. Клупското раководство на италијанскиот вицешампион планира да се сретне со претставници на Торино околу трансферот. Од јануари „нероаѕурите“ имаат устен договор за трансфер со играчот.