Истиот ден при официјалната негова промоција беше пуштен во продажба и дресот со бројот 30 кој ќе го носи Меси. Освен тоа што се создадоа колони пред фан шоповите на ПСЖ во Париз, сите резерви на дресови со името на Меси се распродадени и преку интернет односно веб сајтот на клубот. Илјадници дресови се продадени, а според ибјавата на веб страната еден дрес чини 160 евра.

Наводно за еден ден биле продадени 250.000 примероци, а ако се помножи со 160 евра, се доаѓа до сума од 40 милиони евра, што значи дека за само еден ден ПСЖ ги „собрал“ парите за едногодишна плата на Меси.