Едно лице починало, а две се ранети по синоќешното пукање на Пластичарска, информираат од МВР.
Според информациите, пукањето на бул. „Никола Карев“ во Скопје било пријавено синоќа околу 23.40 часот.
„Во 23.45 часот, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје. Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал“ велат од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.