Струмичката полиција уапси двајца млади мажи осомничени дека заедно со уште две лица извршиле серија имотни деликти во Струмица, Валандово и Гевгелија.

„По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Струмица во изминатиот период расчистија повеќе кривични дела од областа на имотните деликти. Имено, во Валандово и Струмица од слобода беа лишени М.К.(26) и Ф.К.(18), двајцата од Струмица. Тие се сомничат дека со уште две лица во периодот од 7.7.2025 до 6.8.2025 на подрачјата на Струмица, Валандово и Гевгелија извршиле 26 кривични дела, од кои едно разбојништво, една тешка кражба, 6 кривични дела одземање моторно возило и 18 кражби“, соопшти полицијата.

Истото соопштение информира и за нови случаи во Радовиш и Струмица. На подрачјето на Радовиш е уапсен А.А.(26) од Радовиш, кој се сомничи дека во февруари и јули годинава, во Радовиш и радовишкото село Раклиш извршил повеќе кривични дела тешка кражба и кражба.

Дополнително, во Струмица е приведен и Г.А.(19) од Кавадарци. Тој е осомничен дека во претходниот период во градот извршил 5 кривични дела тешка кражба во обид и едно кривично дело кражба.

Сите приведени се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно