Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека наскоро „ќе се случи нешто“ во Украина, но дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не се подготвени за тоа.

Тој рече дека е „реалист и оптимист“ за постигнување мир во Украина, додавајќи дека внимателно ги следи дејствијата на Путин и Зеленски.

„Го следев тоа, го видов тоа и разговарав за тоа со претседателот Путин и претседателот Зеленски. Нешто ќе се случи, но тие сè уште не се подготвени. Но нешто ќе се случи. Ние ќе го направиме тоа“, изјави тој во телефонско интервју за CBS.