Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе ја одржи традиционалната годишна прес-конференција.
Поради мерките против коронавирусот, годинава бројот на новинари ќе биде ограничен на 500, а конференцијата ќе се одржи на поголем простор.
За учество на прес-конференцијата ќе бидат потребни три ПЦР тестови.
Големата прес-конференција на Путин е годишен настан кој се одржува од 2001 година.
По правило, шефот на државата прво се осврнува на главните економски и социјални показатели, а потоа новинарите имаат можност да поставуваат прашања.