Денешната владина седница започна со едноминутно молчење во спомен на жртвите од нападот – седум деца и двајца возрасни. Путин изрази сочувство до роднините на жртвите и ги пофали постапките на наставниците и придружниот персонал:

– Никој не ја напушти функцијата. Секој ја исполни својата професионална и човечка должност. Ве молиме, доставете предлог за доделување државни награди на наставниците и другите вработени во ова средно училиште, истакна шефот на руската држава.

Путин рече дека најважната задача сега е да се борбата за животот на повредените. Според министерот за здравство Михаил Мурашко, состојбата на три од повредените деца и натаму е многу сериозна.

Во меѓувреме, се дозна дека во последниот месец напаѓачот Илназ Галјавиев имал агресивно и несоодветно однесување. Ова ги принудило неговите роднини да го остават сам и да се преселат во нивната вила на периферијата на Казан. Минатата година на 19-годишникот му била дијагностицирана енцефалопатија на мозокот – сериозна болест што доведува до мозочна дисфункција.